Реал Мадрид остана лидер во шпанското првенство и по седмото коло, откако синоќа освои бод кај градскиот ривал Атлетико. Дуелот на „Ванда Метрополитано“ заврши без погодоци, а со тоа Реал е првиот тим кој стигна до 15 бодови сезонава.
Во Кралскиот клуб имаат повеќе работи поради кои може да се среќни. Освен тоа што уште се први на табелата, Реал потврди дека многу ја има подобрено играта во одбраната. Ако пред само два месеци прими седум голови од Атлетико, синоќа, Јорганџиите на свој терен не успеаа да го загрозат голот на Реал Мадрид.
За Реал ова е трет меч по ред во првенството без да примат гол. Претходно со 1:0 ја победија Севилја, а потоа со 2:0 беа подобри од Осасуна. Ова е прв пат Реал да не прими гол на три меча по ред во Примера, под водство на Зидан. Интересно е што францускиот стратег со Кралевите освои три европски титули, а досега ја немаше сочувано мрежата на три меча по ред во домашниот шампионат.