Реал Сосиедад испушти шанса да се искачи на второ место

Реал Сосиедад загуби од Хетафе со 1-2, во необичен натпревар од шпанското првенство. На овој меч домашните водеа на полувреме, а загубија на крај и во една ситуација беше видено нешто што ретко се случува, судиите свирнаа офсајд по едно нафрлување од корнер.

Ако победеа домашните, ќе се искачеа на второ место со два бода зад Реал Мадрид. Водеа со голот на Мерино во петтата минута, но во 53-тата Љоренте доби црвен картон и тоа ги осоколи гостите од Мадрид. Хетафе изедначи преку Мата, а победата ја донесе Максимовиќ во 89-тата минута.

Хетафе е тим кој прима голови во секое коло сезонава, а Сосиедад првпат не успеа да победа на меч сезонава во Сан Себастијан. За Хетафе, ова е прва гостинска победа од 3 март наваму, а сите три победи на „Аноета“ им се со 2-1 и со пресврт.

- Оглас -

Најнови вести