19.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Реал Сосиедад по ЛШ, Спарта Прага заверува титула во Чешка (Фото)

3401 – Словачко – Спарта Прага (19:00)

Екипата на Спарта Прага денес може да ја завери титулата во чешкото првенство, а за тоа им е потребен добар резултат на гостувањето кај Словачко. Дуелите на овие две екипи секогаш се исполнети со голем број погодоци, но вечерва императивот е шампионска титула пред лутиот градски ривал за Спарта. Гостите ќе напаѓаат, а и традицијата е на нивна страна. На осум од последните 10 гостувања кај овој противник, Спарта постигнувала најмалку по еден погодок, но и често било гол-гол, па затоа можеби еден погодок нема да им биде доволен да ја остварат целта.

Предлог тип: Т2 1+I&1+II (2.75)

 

1582 – Докса – Неа Саламина (18:00)

Дуел од групата за опстанок во кипарското првенство со кој ќе биде затворено претпоследното лигашко коло. Домашната екипа во која настапуваат двајца македонски интернационалци, голманот Дамјан Шишковски и играчот од средината на теренот, Душко Трајчевски, со победа ќе си го обезбеди опстанокот во лигата. Докса има само бод предност пред Параламини, кој има и натпревар помалку, па со победа ќе избега на четири предност и теоретски ќе има опстанок. На девет од последните 10 натпревари помеѓу овие две екипи не биле постигнати повеќе од три погодоци.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.45)

 

5617 – Ал-Наср – Ал-Шабаб (20:30)

Кристијано Роналдо и Ал-Наср се вратија во борба за титулата во првенството на Саудиска Арабија и на три кола до крајот веќе не смеат да направат кикс. Вечерва играат против третопласираната екипа на Ал-Шабаб, кој ги загуби последните два натпревари и се наоѓа во лоша форма. Тоа треба да го искористат фудбалерите на Ал-Наср и да победат, но и да бидат ефикасни за да ја потврдат фаворитската улога на овој натпревар.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.20)

 

1929 – Вадуз – Лозана О. (20:15)

На две кола до крајот на првенството во втората швајцарска лига се води голема борба за пласман во повисок ранг. Дури пет екипи конкурираат за висок пласман, а составот на Лозана О. вечерва ќе се обиде да го искористи меѓусебниот дуел на Лозана и Вил и да се пробие на една од првите три позиции на табелата. Нивниот противник Вадуз веќе нема никакви амбиции бидејќи опстанокот од поодамна му е обезбеден, па очекувањата се дека вечерва ќе гледаме ефикасен фудбал.

Предлог тип: Х2 & 3+ (2.30)

 

1302 – Реал Сосиедад – Алмерија (19:30)

Реал Сосиедад со победа против Алмерија ќе биде чекор поблиску до пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Нивната серија во моментов е шест натпревари без пораз и имаат четири победи и две нерешени средби. Ваквите резултати ги доведоа до исполнување на големата цел за оваа сезона. Нивниот противник игра во променлива форма, а сите нивни меѓусебни натпревари биле најмалку со два погодока. Имаат одиграно вкупно девет средби, од кои дури на седум имало најмалку по три погодоци, а шест завршувале ГГ3+.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.04)

- Оглас -

Најнови вести