Реал Сосиедад по 17-ти пат во клупската историја ќе игра во полуфиналето на Купот на Шпанија. Баскискиот тим ја совлада Осасуна на домашен терен со 2-0 и влезе во Топ 4 во ова натпреварување.
Баренечеа во 21-вата минута обезбеди предност за Реал Сосиедад, а водството го удвои Брајс Мендес десет минути подоцна.
Осасуна во 35-тата минута остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Алехандро Катена и беше јасно дека гостите нема што да бараат на овој дуел.
Атлетико Мадрид и Реал Мадрид исто така се во полуфиналето.