Реал Сосиедад рутински и со голеада до осминафинале, Ајакс ќе мора да игра продолженија (Видео)

Реал Сосиедад со рутинска и убедлива победа од 5-2 над данскиот Митјиланд дојде до пласман во осминафиналето на Лигата на Европа. Членот на Ла Лига си обезбеди предност уште на првиот меч во Данска, кога победи со 1-2, па сега само го потврди пласманот помеѓу најдобрите 16 екипи во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Чешкиот претставник Викторија П’лзењ, со убедлива победа од 3-0 над унгарскиот Ференцварош дојде до пласман во осминафиналето, откако ја надоместија негативата од 1-0 од првиот меч.

Ајакс иако се очекуваше да има лесна задача, сепак по победата од 0-2 на гости кај Унион СГ дома губи со истиот резултат по 90 минути, па таму се играат продолженијата.

- Оглас -

Најнови вести