Реал тргна без Бензема и Бејл на историскиот Суперкуп во Џеда

Реал Мадрид ќе биде драстично ослабен на историскиот шпански Супер куп што ќе се игра во Саудиска Арабија. Големата четворка на шпанскиот фудбал, Реал, Барселона, Валенсија и Атлетико Мадрид ќе игра за пехарот и тоа за првпат надвор од Шпанија.

Кралскиот клуб тргна за Саудиска Арабија без Карим Бензема и Герет Бејл кои се повредени, а надвор од строј е и Еден Азар.

Бензема има повреда на мускулот на левата нога, па Зинедин Зидан одлучи да го одмори најдобриот стрелец на клубот. Бејл има воспаление на дишните патишта, а и тој остана во Мадрид. Азар е повреден и е надвор од строј од ноември.

Реал ќе игра полуфинале против Валенсија во среда од 20 часот во Џеда, а следниот ден во ист термин и на истиот стадион „Кинг Абдула“ полуфинале ќе играат Барселона и Атлетико Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести