Реал уште следниот месец ќе има шанси да ѝ се одмазди на Бенфика за понижувањето што го доживеа вечерва (Фото)

По комплетирањето на осумте кола во групната фаза од Лигата на шампионите, познати се 32-те екипи кои продолжуваат во нокаут-фазата. Најдобрите осум играа директно во осминафиналето, а тие од деветтото до 24-тото место ќе играат во 16-финалето.

Според тоа како завршија екипите од деветтото до 24-тото место, познато е дека со 50 отсто шанси е да играат меѓу себе Бенфика и Реал Мадрид. Тоа се двете екипи кои вечерва одиграа анталогиски меч, по кој португалскиот гигант победи со 4:2 и на тој начин се најде на последното 24-то место кое носи нокаут-фаза, додека Реал Мадрид падна на деветтата позиција и нема да оди директно во осминафиналето.

Реал сега ќе игра со Бенфика или со Бодо/Глимт. Јувентус во првата нокаут-фаза ќе го чека едниот од Бриж и Галатасарај, додека ПСЖ за противник ќе го добие Карабах или Монако.

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА КОСТУРОТ ЗА НОКАУТ-ФАЗАТА ВО ЛШ

- Оглас -

Најнови вести