3.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Реал утре има важен меч, а во Шпанија му бараат тренер и најавуваат чистка

По поразите од Барселона, по кои Реал Мадрид е отпишан од трката по трофеј на домашна сцена, сега на „кралевите“ им останува уште Лигата на шампионите, но во пресрет на утрешниот дуел со Ајакс од осминафиналето атмосферата е катастрофална. Реал има предност од 2-1 од првиот меч, но се покажа дека на домашен терен не игра со истиот жар како на гости, ќе го нема Рамос во одбраната и нема да биде лесно да го елиминираат холандскиот тим.

Шпанските медиуми се занимаваат со тоа кој ќе го наследи Сантијаго Солари на тренерската позиција. Се шпекулира дека најсериозни кандидати се Жозе Мурињо и Маурисио Покетино, а од втор план се Јоаким Лев и Масимилијано Алегри. Се чини дека само чудо (нова европска титула) може да го спаси Солари.

Ќе има длабока чистка и во играчкиот кадар.

Многу работи ќе зависат од тоа дали Солари ќе остане или ќе си оди. Ако остане, сигурно е дека од Реал ќе треба да си одат Герет Бејл, Иско, Марсело, Валјехо, Маријано, веројатно и Кејлор Навас, а зимската принова Брахим ќе биде позајмен.

- Оглас -

Најнови вести