Реал вечерва без Белингам, ќе го пропушти ли Англичанецот и гостувањето во Скопје?

Реал Мадрид објави дека Англичанецот Џад Белингам нема да игра на вечерашниот меч со Валенсија, затоа што повредата на рамото која ја здоби пред една недела против Рајо Валјекано, не е целосно санирана.

Белингам е прв стрелец на Реал сезонава и неговото неиграње е хендикеп, иако и без него во средата убедливо ја совладаа Брага со 3-0 во Лигата на шампионите.

Освен Белингам, кај Реал ќе ги нема и повредениот Кепа и суспендираниот Ридигер. За девет дена Англија треба да гостува во Скопје, и засега не се знае дали Белингам ќе игра за репрезентацијата или ќе добие поштеда со оглед на тоа дека Гордиот Албион има обезбедено место на ЕП 2024.

- Оглас -

Најнови вести