Реал верува дека го најде новиот Модриќ, идното лето за него ќе треба да плати најмалку 90 милиони евра

Реал Мадрид полека се подготвува за новата ера без Лука Модриќ, еден од најдобрите играчи за врска во модерниот фудбал, а веруваат дека имаат добра опција како негова замена.

Кралскиот клуб му фрли око на Џуд Белингем и верува дека може да го купи идното лето за сума од 90 милиони евра.

„Наследникот на Модриќ веќе е во планот на Реал Мадрид“, објави реномираниот шпански медиум „АС“.

Проблем за Реал е што има англиски клубови што веќе се подготвени да платат и сума од 100 милиони евра за играчот на Борусија Дортмунд, а се споменуваат Ливерпул и Челзи.

Џуд има само 18 години и веќе настапува за А селекцијата на Англија и го сметаат за еден од најдобрите млади играчи на планетата.

Добро за Реал е што првиот човек на клубот Флорентино Перес има одлични релации со Ханс-Јоаким Вацке, кој е претседател на Борусија Дортмунд, па мадриѓаните веруваат дека и тоа ќе им помогне во трката за ангжаман на Белингем идното лето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести