Реал во 2017 година нудел 214 милиони за Мбапе

Во летото 2017 година, Монако прифатил понуда од Реал Мадрид вредна 180 милиони евра, плус 34 за данок, и сето тоа за младиот Килијан Мбапе, но тој ја одби понудата. ПСЖ имал иста таква понуда за обесштетување, но разликата била во платата.

Таткото на Мбапе побарал од Флорентино Перес на неговиот син да му се исплаќаат по 30 милиони евра годишно, и тоа било неприфтливо за Кралскиот клуб. Мбапе можел и да остане во Монако ако добие плата од 8 милиони, што било за 16 пати поголема од неговата дотогашна годишна заработувачка.

Париските „светци“ прифатиле некои од условите на Мбапе, а се шпекулира дека клубот не го почитувал финансискиот фер плеј и има работи кои не се познати за јавноста. Официјално, Мбапе има договор од 10 милиони по сезона.

- Оглас -

Најнови вести