Реал Мадрид има само еден бод по првите две кола во Лигата на шампиони, што секако не е старт кој го очекуваа Кралевите. Најтрофејниот европски клуб вечерва го чека тежок испит во Истанбул. Реал ќе гостува на Галатасарај, а иако се очекува „пеколна“ атмосфера кои секогаш ја прафат турските фанови, овојпат и гостите ќе имаат своја поддршка.
Покрај навивачите кои од Мадрид отпатуваа во Истанбул, за гостите ќе навиваат и околу 100-тина навивачи од Македонија Популарната група „Пења Мадридиста Македонија“ на многу значајни мечеви патува да го бодри Реал, а ова секако е едно од побројните гостувања на групата и тоа на многу важен дуел.