Реал водеше со 3:0, па до крај не се знаеше дали ќе победи

Реал Мадрид славеше против Гранада во дуел на екипи кои беа на првите две позиции во пресрет на ова коло во Примера дивисион. Кралскиот клуб одлично го отвори мечот и со голот на Карим Бензема во 2 минута поведе со 1:0. Пред крајот на првиот дел погоди и Еден Азар за 2:0, а во 61 минута веќе беше 3:0 благодарение на погодокот на Лука Модриќ.

И кога се мислеше дека Реал рутински ќе ги одработи последните 30 минути, Гранада се разигра. По еден кикс на голманот Ареола, беше досуден пенал за гостите, а Мачис реализираше. На 12 минути пред крајот, Дуарте погоди за 2:3 и неизвесна завршница.

Нешто слично Реал одигра и против Леванте пред 20-тина дена, кога водеше со 3:0, а на крајот заврши 3:2. Овојпат, Реал даде и четврти погодок и тоа благодарение на резервистот Родригез кој влезе во игра во 83 минута.

- Оглас -

Најнови вести