-0.2 C
Skopje
среда, 21 јануари 2026

Реал водеше со 5:0, Монако тргна во контранапад, а потоа Мбапе направи нешто што ретко кој го очекуваше (Видео)

Килијан Мбапе сезонава е вистински лидер на Реал Мадрид. Тој е прв стрелец на тимот, а на последниот меч против Монако ги постигна првите два гола, со што и го најави убедливиот триумф од 6:1.

Французинот сезонава постигна 32 гола во сите натпреварувања, но Мбапе во претходните неколку месеци знаеше да добие критики поради неговото помало загалање во дефанзивата.

Дека „гине“ на секој дел од теренот, Мбапе покажа и на синоќешниот дуел против Монако, кога при водство на Реал од 5:0, играчите на Монако тргнаа во контранапад, а Мбапе реши да покаже дека знае да игра и во дефанзивата. Мбапе спринтуваше речиси 50 метри за да го стигне противничкиот играч и да му попречи да центрира подобро.

 

- Оглас -

Најнови вести