Реал за малку ќе отидеше во пеколот, но повторно ги шокира обложувачите (Видео)

Мадридските тимови ги одиграа најинтересните натпревари вечерва во ЛШ. Атлетико водеше, па губеше, на крајот сепак освои три бода против Салцбург, а ремито на Борусија Менхенгладбах и Реал Мадрид беше суперинтересно бидејќи гостите беа во негатива од 0-2 до 87-мата минута.

Карим Бензема го изедначи рекордот на Лионел Меси како играчи кои 16 сезони по ред даваат гол во ЛШ. Французинот погоди по асистенција на Касемиро во 87-мата минута, а потоа Бразилецот добро се снајде во противничкиот петерец за 2-2 во 93-тата минута.

Овој гол на Касемиро го остава Реал со шанси да оди понатаму, но Кралскиот клуб ќе треба да се помачи во следните четири кола, откако киксираше во првите две.

https://www.youtube.com/watch?v=UMfk1H4ut_E

- Оглас -

Најнови вести