Реал Мадрид ја загуби челната позиција во Примера дивисион, откако синоќа загуби со 1:0 на гостувањето кај Мајорка. Кралскиот клуб остана на 18 бодови и има еден помалку од Барселона која сега е лидер.
Кралскиот клуб доминираше на синоќешниот дуел, а сепак загуби. Мајорка имаше само еден прецизен удар и тој заврши во голот на гостите, додека Реал не погоди ниту еднаш, иако имаше 63 отсто посед на топка. Статистиката покажува дека една од најслабите карики кај мадриѓани е голманот Тибо Куртоа.
Белгискиот репрезентативен чувар на мрежата прими девет гола од последните 14 прецизни удари кои беа упатени кон неговиот гол. Тоа секако е поразително за голман кој лани беше платен 40 милиони евра, а пред да дојде во Реал, ја доби наградата за „Златна ракавица“ во англиската Премиер лига, каде бранеше за Челзи.
Освен Куртоа, очаен беше и Лука Јовиќ. Српскиот репрезентативец летово дојде на „Сантијаго Бернабеу“ за сума од 60 милиони евра, а иако поминаа повеќе од два месеци од новата сезона, тој уште чека да се израдува на првиот гол за Кралевите.
Синоќа против Мајорка, Јовиќ не упати ниту еден шут кон голот на Мајорка, а што е уште поразочарувачки, немаше ниту еден допир со топката во противничкиот шеснаесетник.
0 – Against Mallorca, Luka Jovic failed to register a single shot and a single touch in the oppositte box. Disconnection. pic.twitter.com/tEjYLLTPz4
— OptaJose (@OptaJose) October 19, 2019