Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, постави рекорд во Лигата на шампионите, подобрувајќи го достигнувањето на легендата Кристијано Роналдо за најмногу голови во групната, односно основната фаза на турнирот. Мбапе досега постигна 11 погодоци на седум натпревари во тековната сезона.
Во сезоната 2015/2016 Роналдо се запиша десетпати во групната фаза за Реал Мадрид.
Од сезоната 2024/25, Лигата на шампионите се прошири на 36 екипи. Претходно натпреварувањето се состоеше од 32 клуба, поделени во осум групи, при што во секоја се играа по шест натпревари.
Лигата на шампионите е најпрестижното клупско натпреварување во Европа, а Реал Мадрид го држи рекордот по број на титули, вкупно 15.
Минатата сезона шампион стана Пари Сен Жермен, кој исто така ќе мора да игра дополнителен плејоф за да се избори за осминафинале, речиси идентичен пат како и лани, кога на крајот стигна и до трофејот.

