Реал заврши работа со Ендрик, сега ќе брои до 100 милиони долари за бразилскиот Роки и има опасна конкуренција

Реал Мадрид е топ-кандидат заедно со вечниот ривал Барселона, Пари Сен Жермен и Челзи за ангажман на уште едно бразилско фудбалско чудо, 17-годишниот Витор Роки.

Кралевите пред некој ден за 60 милиони долари веќе го ангажираа бразилскиот фудбалски бисер, Ендрик, кој има само 16 години, а сега ќе се обидат да го ангажираат и едно лето повозрасниот Роки.

Роки е поскап и во договорот со неговиот сегашен клуб Атлетико Паранаенсе има клаузула за отштета од 100 милиони долари ако си замине предвреме, а има петгодишен договор од април годинава.

И Роки е напаѓач, а веќе играше за Атлетико Паранаенсе во Копа Либертадорес, што е пандан на европската Лига на шампиони.

Атлетико го купи Роки за 24 милиони долари од Крузеиро во април годинава, откако ја активира отштетната клазула.

И веднаш со потписот на петгодишен договор со Витор, постави клаузула за отштета од 100 милиони долари за предвремено заминување на големиот талент.

 

- Оглас -

Најнови вести