Добитникот најпрестижното поединечно признанието во фудбалот, Златната топка, ќе биде објавен во понеделник, а Паскал Фере, директорот на Франс Фудбал, списанието што ја доделува наградата од 1956 година, не сака да навести кој ќе биде лауреатот.
Прв фаворит е Карим Бензема, фудбалерот на Реал Мадрид, клуб кој „знае како да организира кампања“ за неговите играчи да ги добијат признанијата.
„Флорентино Перез добро ги организира кампањите, тивко за да не биде нападнат од конкурентите и сè што прави е легитимно“, вели Фере.
Францускиот новинар вели дека кампањата „не го одредува победникот, но може да направи некој да се чувствува како губитник“.
„Стратегијата на Реал е секогаш да поддржува еден фудбалер. Изминатите години тоа беше Кристијано Роналдо, а сега е Карим Бензема. Со таква стратегија се спречува разлевање на гласовите. Тие знаат како функционира ова, не случајно Реал Мадрид најмногу награди“, додава Фере.