Реален тикет со осум меча за денеска нудат мнозинството прогнозери

Поделеноста во прогнозите е голема во 21-вото коло на Спортска прогноза, а за денеска останаа да се доиграат уште осум натпревари од основната понуда, по кои ќе се знае дали ќе има добитници на премијата, и на ваучери од Sport Life во вредност од 1.000 денари за 12 погодоци, и од 500 денари за 11-ка.

Четворица прогнозери се во игра за 13-ка која носи избор на една од трите премии,  а во игра за добивање на ваучери од Sport Life има голем број на играчи.

Победата на Фиорентина над Милан ја предвидоа само 8,93 отсто од оние над 2.000 играчи кои типуваа во колото, а и ремито на Борусија Менхенгладбах со Фрајбург го погодија мал број прогнозери, 16 отсто.

Ако треба да им се верува на мнозинството прогнозери, фаворити за денеска се Марсеј против Рен, Валјадолид против Еспањол, и Волфсбург против Ајнтрахт, а  најмногумина типувале нерешено на дуелот Рајо Валјекано – Атлетик Билбао.

За другите четири меча, блиски се процентите за два типа, па затоа можеби треба да одиграте двојна шанса, иако квотите се помали. Интересен е случајот кај Ливерпул – Манчестер јунајтед, каде речиси ист е бројот на играчи кои се изјасниле за кец или двојка, а помал е процентот на прогнозери кои типувале икс.

Замислениот тикет според прогнозите на мнозинството играчи на Спортска, би изгледал вака:

Специја – Верона 1Х

Валјадолид – Еспањол 1

Нотингем Форест – Евертон Х2

Ливерпул – Манчестер ј. 12

Волфсбург – Ајнтрахт 1

Рајо Валјекано – Атлетик Б. Х

Рен – Марсеј 2

Рома – Јуве Х2

- Оглас -

Најнови вести