1801 Бохум – Хофенхајм (20.30 часот)
Ова е меч кој Бохум мора да го добие. Останаа уште четири кола до крајот, а Бохум е 16-ти, позиција која носи плејут за опстанок во Бундеслигата. Хофенхајм уште има шанси да се избори за излез во Европа, но мотивите се на страна на домашните. Двата тима имаат примено по 60 гола сезонава, што е просек од два по меч, но Хофенхајм е многу поефикасен. Бохум има 12 ремија сезонава, двојно повеќе од Хофенхајм. Бохум повеќе од два месеца нема победа, а Хофенхајм два и пол месеца не одиграл нерешено.
Предлог тип: 12 & 3+ (1.73)
3001 Фрозиноне – Салернитана (20.45 часот)
По серија од четири ремија едноподруго, редно е Фрозиноне конечно да победи по пост од три месеци без триумф. Салернитана убедливо е последна и нема шанси за опстанок во Серија А, а Фрозиноне е загрозен од испаѓање, трети е од долу и не смее да си дозволи кикс. Традицијата вели дека кога овие екипи играле меѓу себе во последните седум години, секогаш било со 0-2 гола, а есеноска во Салерно беше 1-1.
Предлог тип: 1 & 2-3 (3.20)
1704 Монпелје – Нант (21.00 часот)
Монпелје е во форма, освои 10 бода во последните четири кола и блиску е до опстанок. Нант е три бода над зоната на испаѓање и е опасен гостин кој победи на четири од последните пет гостувања. Нант е тим кој има само четири ремија (три месеци не играле нерешено) и е неефикасен тим, со скромни 28 гола на 30 меча. Интересно е дека на нивните последни пет меѓусебни дуели никогаш не било „гол-гол“, секогаш барем едната екипа не дала гол. Есеноска во Нант беше 2-0 за Нант.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.81)
1301 Реал Сосиедад – Реал Мадрид (21.00 часот)
Разликата во бодови помеѓу овие екипи е 30 бода, мадриѓаните се пред освојување на титулата, но вечерва гостите ќе истрчаат со комбиниран состав бидејќи во фокус им е гостувањето од ЛШ кај Баерн Минхен во вторник. Кај гостите ќе ги нема Менди и Белингам, а одмор ќе добијат и некои други стартери. Сосиедад пет кола по ред е без пораз, има добри шанси вечерва против тимот кој сезонава претрпе само еден пораз. Реал Мадрид загуби во Сан Себастијан во минатата сезона, и тоа во мај откако ги загуби шансите за титула, а сега ситуацијата е поинаква. Есеноска во Мадрид, најтрофејниот шпански клуб победи со пресврт „два во еден“.
Предлог тип: ГГ & 3+ (2.40)
1013 КПР – Лидс (21.00 часот)
Многу важен меч за двата тима кои се со различни амбиции во англискиот Чемпионшип. Квинс парк ренџерс е 18-ти и се бори за опстанок, а Лидс за влез во Премиер лигата. Лидс е втор, ја има најдобрата одбрана, но игра променливо во последно време. На две кола до крај, КПР има четири бода над опасната зона и ако победи вечерва, ќе обезбеди опстанок. Лидс губеше трипати по ред на гостувањата во Лондон кај КПР. Традицијата најавува неефикасен меч.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.50)