Реална изјава на Меси по историскиот пораз на Аргентина

Капитенот на аргентинската репрезентација, суперѕвездата Лионел Меси, рече дека нема оправдување за тоа што се случило на средбата со Саудиска Арабија, на која Аргентинците претрпеа шокантен пораз од 1-2.

„Во пет минути правевме грешки и примивме два гола. Бевме хаотични, си ја искомплициравме работата. Нема оправдување. Офсајдите беа офсајди. Знаевме дека не треба да им дозволиме да се разиграат и да притискаат, а им дозволивме. Никогаш не сум претрпел ваков болен пораз со овие соиграчи. Работите секогаш се случуваат со некаква причина. Сега нема друго, мора да ги добиеме следните два меча“, изјави Меси, за кого ова е последен Мундијал во богатата кариера и последна шанса да го освои единствениот вреден трофеј кој му недостасува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести