Реално или не: Клоп е еден од кандидатите за клупата на Барселона?

Англиските медиуми попладнево објавуваат сензационална информација дека Јирген Клоп е еден од кандидатите за клупата на Барселона. Тие дури тврдат дека Германецот веќе имал и состанок со Лапорта, кому му порачал дека петмина фудбалери се вишок во моменталниот состав на Каталонците. Се работи за Серхи Роберто, Ореол Ромеу, Маркос Алонсо, Рафиња и Жоао Феликс.

Колку ваквите најави од Островот се реални, останува да се види во иднина, со оглед на најавите на Клоп дека следната сезона нема да биде тренер на ниту една екипа.

Во моментов најреална опција е друг германски тренер, а тоа е Ханси Флик, кој во најголем број медиуми се споменува како наследник на Чави на клупата на Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести