Реалноста на Вардар е шесто место во групата

Ракометниот клуб Вардар со пораз од 27-31 од Монпелје ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите. Ова значи дека европскиот првак го освои шестото место во групата и во следната осминафинална фаза ќе има силен противник, најверојатно унгарски ПИК Сегед. Вардар првпат во последните години ќе игра осминафинале, и ќе има улога на аутсајдер.

Вардар тргна одлично, поведе со 5-1, но гостите брзо воспоставија рамнотежа и потоа со постојано водство дојдоа до нова победа. Малиот избор на ракометари е главна причина што Вардар не можеше да игра во исто темпо 60 минути, па Монпелје го искористи тоа.

Трибините во „Јане Сандански“ не беа исполнети до последно место, но оние најверните што дојдоа, го бодреа тимот во овие тешки моменти, а ракометарите го дадоа максимумот. Стоилов со 7, Горбок со 6 и Чупиќ со пет гола, беа најефикасни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести