Ребиќ покажа дека Милан знае да победува и да дава гол и од игра (Видео)

Милан ја победи Рома со 2-1 во вечерашното дерби од италијанската Серија А и Росонерите повторно се на четири бода заостанување зад првопласираниот Интер.

Златан Ибрахимовиќ се обиде атрактивно со пета да даде гол, но не успеа за малку. Потоа Френк Кеси погоди од пенал, негов седми гол сезонава од белата точка, со што е најефикасен пеналџија во Топ 5 лигите.

Рома изедначи со убав гол на Жордан Верету, кој има веќе десет гола сезонава, а досега рекорд му беше осум. Верету стана прв Французин по Мишел Платини кој игра во средниот ред, а во една сезона во Италија има двоцифрен број голови.

Победничкиот гол за Милан беше дело на Хрватот Анте Ребиќ во 58-мата минута. Ова беше прв гол на Милан од игра по 258 минути во кои погодуваа само од прекини.

https://twitter.com/i/status/1366132166195822603

- Оглас -

Најнови вести