Адеми бара совет од Николов како да се победи Ференцварош на гости

Динамо Загреб нема голем избор и утре мора да оди на победа против Ференцварош, клуб кој речиси е непобедлив на домашен терен откако Сергеј Ребров е тренер.

Украинецот пред една година го наследи Томас Дол во Ференцварош и оттогаш на 18 мечеви што полуларниот Фради ги има одиграно на домашен терен има само еден пораз.

И тој е од МОЛ Фехервар, или попознат како Видеотон, за којшто игра Бобан Николов, а од ова лето му се приклучи и Висар Муслиу.

Во меч од унгарскиот куп, МОЛ славеше на „Групама арена“ со 2:1 и тоа е единствениот пораз на Ференцварош дома под команда на Ребров.

Сега Динамо предводен од капитенот и македонски репрезентативец Аријан Адеми сака да го препише рецептот на Николов и соиграчите за да остане во игра за пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Првиот меч на „Максимир“ во Загреб заврши нерешено 1:1, па Динамо ќе има тешка задача утре во реваншот од 20 часот.

За Ференцварош повторно нема да игра Стефан Спировски, уште еден наш репрезентативец кој не е фит по повредата.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести