Ребров: Не мислам дека сме големи фаворити, очекувам тежок меч

Селекторот на украинската фудбалска репрезентација, легендата Сергеј Ребров, на прес-конференцијата пред утрешниот дуел со Македонија од квалификациите за ЕП 2024 рече дека очекува тежок меч и не мисли дека Украина е многу голем фаворит.

„Мислам дека сите знаат дека Македонија е сериозна репрезентација, ја победи Италија во баражот за СП, има квалитет. Ние треба да се сконцентрираме на нашата игра и да не ги повториме грешките од натпреварот со Германија. Македонскиот тим е многу силен и не мислам дека сме толку големи фаворити, мора да го покажеме тоа и на терен. Утре очекувам малку поинаква игра отколку на пријателскиот меч со Германија. Очекуваме тежок меч, спремни сме за такво нешто“, изјави некогашниот партнер на Андриј Шевченко во супер нападот на Динамо Киев од пред околу 25-30 години, а сегашен селектор на Украина.

- Оглас -

Најнови вести