Сергеј Ребров одлично го предводи Ференцварош од клупата и најтрофејниот унгарски клуб успеа да се пробие до фазата по групи во Лигата на шампионите.
Вечерва првиот унгарски клуб што успеа да се избори за настап во Лигата на шампионите во сезоната 1995/96 ќе има камбек во елитата со настап против Барселона на „Камп ноу“.
„Немавме доволно време за да подготвиме ‘Анти-Меси’ план, но ќе се снаоѓаме некако. Велат дека сме аутсајдери и тоа е вистина во силна група со Барселона, Јувентус и Динамо Киев, но и претходно малкумина веруваа дека ќе се пробиеме до фазата по групи. Ќе уживаме во ситуацијата, но и никому нема да му се предадеме однапред. Ќе сториме сè за да го презентираме унгарскиот фудбал и Ференцварош како клуб со огромна традиција на најдобар може начин“, вели Ребров.
Во првиот настап на популарниот Фради во Лигата на шампионите пред 25 години унгарскиот гигант заврши на третото место зад Ајакс и Реал Мадрид, а пред Грасхоперс со една победа, две нерешени и три порази.
И сега групата е слична, има два големи фаворити за пласман понатаму, Барселона и Јувентус, а Динамо и Ференцварош ќе се обидат да изненадат.