Шестмина прогнозери имаат максимални шест погодоци по саботните одиграни мечеви од 4. коло на Спортска прогноза. Денеска се играат уште седум дуели, а интересни се комбинациите кои ги поделија речиси 2.000 прогнозери кои ги дадоа своите фиксови.
Возбудувањата ќе започнат со дуелот Мец – Стразбор каде повеќе од половина прогнозери очекуваат да биде нерешено. Арсенал со преку 76 отсто ќе слави над Тотенхем во лондонското дерби, додека Ле Авр на свој терен е фаворит за победа против Клермон, барем според мислењата на 63 отсто од прогнозерите.
Речиси сигурно е дека Фиорентина нема да загуби кај Удинезе, а иксот е најреална варијанта за дуелот Рајо Ваљекано – Виљареал. Монпеље треба дома да се радува против Рен (53 отсто од прогнозерите чекаат кец).
Како финале за ова коло е голмото мадридско дерби меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, каде 44 отсто играле на нерешено, а 39 отсто се за двојка, што значи дека минимални шанси има Јорганџиите да се радуваат на свој терен.
1704 Мец – Стразбур X 3.20
1006 Арсенал – Тотенхем 1 1.70
1705 Ле Авр – Клермон 1 2.55
3008 Удинезе – Фиорентина X2 1.34
1307 Рајо Ваљекано – Виљареал X 3.40
1707 Монпеље – Рен 1 2.70
1360 Атлетико Мадрид – Реал М. X2 1.41
———————————————————
Вкупен коефициент: 240.60