Речиси 50 години чекаат учество на СП, а во Катар можеби нема да играат поради погрешна измена!

ДР Конго цели 47 години чека повторно да заигра на Светско првенство во фудбал, а кога конечно се израдуваа дека ќе играат бараж во африканските квалификации за СП 2022, можеби ќе бидат дисквалификувани поради глупава грешка.

Селектор на ДР Конго е познатиот аргентински стручњак Ектор Купер и затоа е неверојатно како може еден таков искусен тренер да направи таква грешка. Во победата над Бенин од 2-0, селекторот на ДР Конго направи четири измени и тоа е во ред, но измените беа направени во четири прекини. Правилото е дека смее да се направат најмногу пет измени на еден меч, но смее да има најмногу три прекини за менување играчи.

Никој не забележал дека Конгоанците четирипати менувале. Купер менуваше по еден играч во 63-тата, 77-мата, 84-тата и 90-тата минута. Токму измената во последната минута може да биде кобна.

После ме, од Бенин поднеле жалба и ако таа биде усвоена, Бенин ќе добие службена победа од 3-0 и тие ќе играат во бараж, а не ДР Конго. Сепак, има надеж за ДР Конго дека може да се спаси. Во 2010 година, Екваторијална Гвинеја направи прекршување на правилото, имале четири измени (во тоа време смееше да има до три измени), но казна добија само судиите и делегатот.

- Оглас -

Најнови вести