Новото коло на Спортска прогноза донесе и едно големо балканско дерби. Црвена ѕвезда е домаќин на Партизан во дербито кое може многу да реши во српското првенство.
Партизан е лидер на табелата со со 21 победа, само две нерешени и ниту еден пораз, додека Црвена ѕвезда заостанува пет бодови и има биланс од 19 победи, три нерешени и еден пораз. Доколку Црвено-белите не ги освојат трите бода на свој терен, ќе биде многу тешко потоа да ја стигнат негативата од пет бодови.
Во првите 24 часа, над 500 прогнозери ги дадоа своите типови во новото коло, а карактеристично е тоа што речиси никој не верува дека Партизан може да победи на гостувањето на стадионот „Рајко Митиќ“. Едвај седум отсто прогнозирале за двојка, додека над 57 отсто веруваат дека Црвена ѕвезда ќе се радува. За нерешено досега типувале 35 отсто од прогнозерите.
Останува време до сабота, до 15:30 часот да прогнозирате не само за српското дерби туку и за останатите 12 мечеви во ова коло и да бидете во трка за освојување на „ајфон 12“. Мобилниот телефон се освојува со погодена Среќна 13-ка односно погодени фиксовите на сите 13 парови.
Со 12 и 11 погодоци добивките се вредносни ваучери од по 1.000 и 500 денари во Sport Life.