Повеќе од 1.000 играчи се приклучија во третото коло на бесплатната Спортска прогноза, а според процентите на досегашното нивно типување, најголем дел од нив сметаат дека миланското дерби помеѓу Милан и Интер ќе заврши нерешено.
Засега 47,3 отсто од прогнозерите се за „икс“. Победа на Милан чекаат 29,5 проценти, а за триумф на Интер се 23,1 проценти.
Првиот од 13-те интересни мечеви кои се предизвик за секој прогнозер е утре од 15 часот, и тоа е терминот до кој може да се прогнозира. Колото почнува со дуелот на Фиорентина и Јувентус, меч на кој голем фаворит на прогнозерите е Старата дама.
Како и секое коло така и овојпат, главната цел на сите прогнозери е да се стигне до „Среќна 13-ка“, која дава шанса да одберете еден од понудените подароци (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X). За 12 погодоци следува ваучер од 1.000 денари, додека за 11 погодени мечеви вредносниот ваучер е 500 денари.