Речиси сè е договорено: Газдите на Њукасл пред купување на фудбалски гигант

Новите сопственици на Њукасл од инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија го загубија интересот за вложување големи пари во тимот.

Според медиумите од Италија и Англија, овие сопственици имаат друга желба, а таа е наречена Интер.

Веќе на големо се преговара со сопствениците од Кина на овој италијански великан, а се шпекулира дека ПИФ се спремни да понудат една милијарда евра за купување на италијанскиот првак.

Со оглед на тоа дека фамилијата Жанг се во големи финансиски проблеми, поради кои и клубот мораше да ги продаде Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими, во наредните денови може веќе и да очекуваме официјална потврда.

 

- Оглас -

Најнови вести