Ред Бул атакува на еден-два во САД, Хамилтон ќе се обиде да им ја расипе забавата

Како никогаш досега во последнава деценија, има голема борба за титулата во Ф1 шампионатот.

Во главна режија се Макс Верстапен и Луис Хамилтон кои и вечерва од 22:00 часот ќе стартуваат од првите две позиции на трката за големата награда на САД, која се вози во Остин, Тексас а најавено е присуство на 120.000 илјади гледачи.

Од Ред Бул се надеваат дека ќе успеа да стигнат до еден-два победа, бидејќи вториот нивни возач Чеко Перез се наоѓа веднаш зад Британецот.

Хамилтон, пак, ќе се обиде прв да ја мине целната линија по 56 кругови, но, ќе ја нема помошта од вториот возач на Мерцедес, бидејќи Фетел ќе стартува од деветтата позиција, откако беше казнет со пет позиции бидејќи го промени менувачот.

Во секој случај и вечерва не очекува спектакуларна трка каде што ќе видиме голем број на престигнувања.

- Оглас -

Најнови вести