Ред Бул го надмудри конфузниот Ферари, на Леклер како да не му е пишано да победи дома во Монако

Променливото време кое ја одбележа првата половина од трката за Големата награда на Монако во Формула 1, придонесе за интересен развој на настаните, а најголема жртва на хаосот беше Шарл Леклер, кој тргна од пол-позиција и заврши на четврто место.

Силниот дожд го одложуваше стартот на трката, а кога конечно почна трката, Ферари си ги држеше првите две места пред двата Ред Були. Но, патеката делумно почна да се суши, и стратегијата на италијанскиот тим беше катастрофална, се носеа конфузни и задоцнети одлуки, и после менувањето на гуми, првото место му припадна на Серхио Перес од Ред Бул. Мексиканецот на сува патека го задржа првото место и триумфираше на крај.

Втор низ целта мина Карлос Саинс од Ферари, трети беше Макс Ферстапен, а Леклер го освои само четвртото место, иако тргна од пол-позиција, што требаше да му донесе победа на патека на која е речиси невозможно да се претекне.

- Оглас -

Најнови вести