Ред бул се шири во Азија, Австријците купуваат клуб во Јапонија

Австрискиот бренд за енергетски безалкохолни пијалоци „Ред Бул’ планира да се прошири и на азискиот пазар, но на оној фудбалскиот. Откако влезот во фудбалот беше пред локалниот Салцбург, следуваше купување и на бундеслигашот Лајпциг, па следуваше екипа во МЛС-лигата, Њујорк, па Ред бул Бразил, Ред Бул Гана, а сега на ред дојде и Далечниот Исток.

Дитрих Матешиц планира да го купи третолигашот Омија и да му го промени името и грбот, по примерот на сите екипи кои претходно ги купија. Сепак, во Јапонија ќе имаат проблем сличен на овој во Бундеслигата бидејќи правилата на лигата велат дека е забрането во имињата на екипите да се користат имиња на компании. Во Германија тоа беше решено со вметнување на кратенката „РБ“ во името на Лајпциг, па веројатно и во Јапонија ќе се оди на таа варијанта.

- Оглас -

Најнови вести