Реџепи нема да го носи македонското знаме на церемонијата на ОИ

Македонскиот олимписки комитет потврди дека Арбреша Реџепи не ќе може да го носи македонското знаме на церемонијата на ОИ во Токио поради близок контакт со заразен од ковид-19. Нашата џудистка требаше да биде знаменосец заедно со Дејан Георгиевски на отворањето на планетарниот спортски собир, но тоа ќе мора да го пропушти бидејќи е во делумна изолација.

Сепак, таа со посебен транспорт обезбеден од страна на МОК оди на тренинг и секако ќе има право да настапи на Олимпискиот џудо турнир на Олимписките игри ТОКИО 2020. Реџепи во првото коло на Олимпискиот џудо турнир ќе се бори против Жил Челзи од Велика Британија.

- Оглас -

Најнови вести