Редно беше: прв гол на Лука Јовиќ во дресот на Милан (Видео)

Милан со 3-1 го победи Фрозиноне и не дозволи да му биде загрозено третото место на табелата во италијанската Серија А на кое Росонерите се наоѓаат во моментов.

Првиот гол со кој се отвори резултатот беше дело на Србинот Лука Јовиќ. За него ова е прв погодок во дресот на Милан откако летоска потпиша за овој клуб. Подоцна Јовиќ имаше и асистенција при третиот гол на Милан, па може да се каже дека ова му е најдобра партија во црвено-црниот дрес  на гигантот од Милано.

Асистенција имаше и голманот Мајк Маињан, кој трета сезона по ред има барем по едно додавање по кое неговиот тим дал гол.

Ова е голот на Пулишиќ по одличното долго додавање од голманот:

- Оглас -

Најнови вести