1002 Арсенал – Фулам (20.45 часот)
Топчиите што и да направат на ова мало лондонско дерби, ќе останат на второ место на табелата во Премиер лигата. Фулам, кој е осми на табелата, уште од 5 јануари нема играно нерешено, а на последните шест лигашки средби играше мечеви со 2-3 гола. Арсенал пак се специјализира за дуели со 0-2 гола, тие се тим со 10 ремија во 29 кола сезонава и ја имаат најцврстата одбрана во лигата. Нападот на Арсенал е ослабен без Сака, Хаверц, Габриел Жезус. Во декември, кога Фулам беше домаќин, одиграа 1-1, а Фулам остана непоразен и на последното гостување на „Емирејтс“ во август 2023.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.02)
1881 Арминија – Баер Л. (20.45 часот)
Ова е дуел од полуфиналето на германскиот Куп. Баерн е елиминиран, па Леверкузен има добра шанса да го освои пехарот. Гостите се големи фаворити на ова гостување кај третолигашот. Арминија и кога беше последен пат во Бундеслигата, во сезоната 2021/2022, си помина лошо против Фармацевтите, двата меѓусебни дуела завршија со победи на Баер и вкупна гол-разлика од 7-0. Во четвртфиналето Арминија го елиминира Вердер, пред тоа ги исфрли Фрајбург и Унион Берлин и тоа треба да биде предупредување за Баер да го потцени противникот.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.26)
1003 Нотингам ф. – Манчестер ј. (21.00 часот)
Форест цврсто го држи третото место во Премиер лигата, се бори за пласман во Лигата на шампионите и има дури 17 бода повеќе од Манчестер јунајтед, кој е 13 на табелата, но веќе четири кола по ред не знае за пораз. Ѓаволите заостануваат големи 10 бода зад место кое води во Европа. Нотингам има 16 победи, исто колку и Арсенал, а славеше и во претходните две рунди, победи и викендов во четвртфиналето на ФА купот. Шумарите дома не загубиле уште од 10 ноември, а во декември, кога гостуваа на „Олд Трафорд“, победија со 3-2.
Предлог тип: 1Х & ГГ (2.35)
2851 Данкерк – ПСЖ (21.10)
За второлигашот Данкерк и пласманот во полуфиналето на францускиот куп е голем успех, чудо би било ако го елиминира ПСЖ, кој е апсолутен фаворит иако е гостин. Данкерк на патот до ова полуфинале ги совлада Брест и Лил, тимови коишто играа во Лигата на шампионите. Сепак, Светците се друго ниво, убедливо најсилниот тим во Франција и логиката вели дека е прашање само со колку гола ќе победи. На последните седум меча против екипи од Франција, парижаните секогаш даваа барем три гола.
Предлог тип: Т2 3+ (1.71)
1323 Реал Мадрид – Р. Сосиедад (21.30 часот)
Првиот меч во Сан Себастијан му припадна на мадридскиот Реал со 1-0, па тимот на тренерот Карло Анчелоти е фаворит за пласман во финалето на шпанскиот куп. Баскискиот тим не е баш добар на гостувањата, последната гостинска победа им беше против Митјиланд минатиот месец, а на гости против некој шпански прволигаш немаат победа во календарската 2025 година. Реал Мадрид дома не загубил од 5 ноември, кога беше поразен од Милан во ЛШ. Сосиедад имаше куп-победа во Мадрид против Реал пред пет години, но на последните три дуели со најтрофејниот шпански клуб немаат дадено гол.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)