6103 Англија – Унгарија (20.45 часот)
Неочекувано, Англија по три кола нема победа и последна е во својата група од Лигата на нациите, а Унгарците се втори. Унгарија пред 10 дена дома ја совлада Англија со 1-0 и ова е можност за Гордиот Албион да се реваншира и конечно да дојде до прв триумф. Англија во првите три кола постигна само еден гол, и тоа од пенал, а Унгарија даваше по еден гол на сите три средби. Вечерашниот меч не се игра на „Вембли“ во Лондон, туку на „Молињу“ во Вулверхемптон, но домашните секако ќе имаат добра поддршка.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.68)
6105 Холандија – Велс (20.45 часот)
Лалињата одлично газат засега, имаат 7 бода од три кола и постигнаа 8 гола на трите меча. Од друга страна, Велс е последен само со еден бод, па повторно е аутсајдер. Холандија пред шест дена славеше со 2-1 на гости кај Велс во еден драматичен меч, на кој двата тима постигнаа по еден гол по 90-тата минута. Холандија дома речиси две години нема пораз, сигурно дека и вечерва во Ротердам тоа нема да се случи.
Предлог тип: 1+I & 3+ (1.94)
6104 Германија – Италија (20.45 часот)
Германците се специјализираа за нерешени резултати, сите три досега во групата им завршија со истиот резултат 1-1, додека Италија има една победа и два нерешени исходи. Двајцата селектори повторно ќе им даваат шанса на играчи кои не се толку експонирани. Сите мечеви на Германија во 2022 година беа со 0-2 гола. Последниот пораз на Панцерите беше лани во јуни на Европското првенство, а последен домашен пораз им е оној од Македонија во квалификациите за СП. Италија уште од 2018 година не загубила на гостински терен. Пред десет дена во Болоња, Италија и Германија одиграа 1-1 со два гола во второто полувреме.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.00)
6106 Полска – Белгија (20.45 часот)
Овие две селекции се интересен случај, двата тима имаат еднаков број бодови, по 4 од три меча, но Белгија има позитивна гол-разлика 8-6, додека Полска е на негативни 5-9. Причина за ова е што нивниот меѓусебен дуел, кој се играше пред шест дена, заврши со триумф на Црвените ѓаволи од 6-1, иако Полјаците поведоа со 1-0. Нерешен резултат ќе им одговара на Холанѓаните, па затоа Белгија и Полска треба да одат на три бода, со кои би останале во трка за првото место.
Предлог тип: ГГ (1.73)
6124 Турција – Литванија (20.45 часот)
Тука нема дилеми дека Турција е голем фаворит и вистинска сензација би било ако не победи. Турција е главен фаворит во целата Лига Ц од Лигата на нациите, но не смее да се опушти против екипа која пред една недела како гостин ја совлада со 6-0. Литванија е една од послабите репрезентации во Лига Ц, гол-разликата во три кола им е 1-10. Турците победија во трите меча, гол-разликата им е 12-0, па повторно би требало да победат без примен гол.
Предлог тип: 1 сигурна (1.54)