Редно е Ливерпул да покаже дека не заборавил да победува

Хелсинки – Црвена ѕвезда (18 ч.)

На првиот меч во Белград, Црвена ѕвезда ја оправда улогата фаворит и сега има залиха од 2:0. За сигурно да помине понатаму и да нема драма во реваншот, српскиот првак треба да даде еден гол и многу помирно да го приведе мечот до крајот.

Дефанзивниот ред на Хелсинки се покажа како несигурен, па ова е дуел на кој би требало да очекуваме погодоци затоа што домаќините нема многу што да калкулираат и мора да бркаат да постигнат погодоци.

Предлог тип: Т2 1+ пол. (2.00) – квота на денот во Sport Life

 

АИК – Марибор (19 ч.)

Меч кој може да биде неизвесен до самиот финиш. Словенците имаат предност од 2:1 по првите 90 минути, но тоа не е резултат кој дава мир во реваншот. Еден погодок на АИК ќе значи дека шведскиот тим ќе биде во следната фаза.

Тука е потребен еден погодок во раната фаза од дуелот и сигурно потоа ќе има уште голови. Предност за домаќините е тоа што се во натпреварувачки ритам и веќе одиграа 18 меча од првенството, додека Марибор сега ја почна сезоната.

Предлог тип: 1X&ГГ (2.65) – квота на денот во Sport Life

 

Тотенхем – Баерн Минхен (20:30 ч.)

Се работи за финале во Ауди купот. Иако е меч од пријателски карактер, Баерн секогаш сака на свој терен да подигне трофеј, па макар тоа да е и од предсезонски турнир. Двата тима негуваат напаѓачки фудбал и сигурно нема да калкулираат во борба за трофејот.

Баерн синоќа даде шест гола против Фенербахче, но факт е дека сега имаат многу посилен ривал. И Тотенхем има опасен напад, па на „Алијанц арената“ се очекува шоу.

Предлог тип: 2+ I и 1+ II (2.65) – квота на денот во Sport Life

 

Херта – Вест хем (18 ч.)

Кога играат германски и англиски клубови, тоа секогаш е најава за можни возбудувања. Пријателски меч на кој во најава е дека ќе има погодоци. Во сите осум контролни дуели летово Херта даде гол, а на пет од нив било ситуација гол-гол. И Чеканите се подготвени за напад, иако главна цел на двата тренера, секако, ќе биде да се тестираат повеќе играчи.

Во таква ситуација, кога има многу измени и не се обрнува многу внимание на одбраната, треба да има погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.67)

 

Ливерпул – Лион (19 ч.)

Европскиот првак Ливерпул е во лоша позиција. Трите порази и едно реми во последните четири пријателски меча направија да има несигурност кај Црвените. Сепак, менаџерот Јирген Клоп знае дека тоа е само подготвителен период во кој му недостасуваат клучните играчи.

Главниот фокус на Ливерпул во овој период му е мечот против Манчестер сити во Комјунити шилд на 4 август. Сепак, сигурно дека Ливерпул ќе сака да ја врати самодовербата, а одлична можност за тоа е дуелот против Олимпик Лион. Во последниве 10 години овие екипи играле двапати во ЛШ и Французите се со победа и реми, но сега е време Ливерпул да се израдува.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.80)

 

- Оглас -

Најнови вести