27.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Редно е Манчестер јунајтед првпат сезонава да одигра нерешено?

1008 Тотенхем – Астон Вила (15.00 часот)

Четвртиот и петтиот на премиерлигашката табела во меѓусебен двобој влегуваат со желба да победат и да се најдат на првите три-четири позиции. Тотенхем има два порази по ред, а со победа денеска би го стигнале Манчестер сити. Вила има три победи во последните четири кола. Ова се два тима кои ретко играат нерешено, а последниот нерешен исход во нивните дуели бил уште во 2012 година. Последните шест нивни меѓусебни дуели завршуваа со 2-4 гола, а Астон Вила во минатата сезона двапати го победуваше Тотенхем.

Предлог тип: 1Х & ГГ (2.20)

 

1307 Реал Сосиедад – Севилја (16.15 часот)

Севилја е тим кој е експерт за нерешени резултати, имаат пет ремија едноподруго, и вкупно шест нерешени дуели во 12-те кола, па затоа на табелата се доста подолу од очекувањата и амбициите. Кај гостите ќе го нема суспендираниот Гудељ, што може да биде хендикеп во пресметка со тим кој даваше по три гола на претходните два меча во шпанската лига и ЛШ. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели им завршуваа со победа на Сосиедад од 2-1, а пред двапати играа 0-0.

Предлог тип: & 1-3 (1.84)

 

1009 Евертон – Манчестер ј. (17.30 часот)

Црвените ѓаволи се единствен тим во Премиер лигата кој сезонава уште нема одиграо нерешено, а одиграа веќе 12 меча. И Евертон ретко ремизира, има само две нерешени игри. Поголем проблем за нив е што им одземаа 10 бода, па во моментов се претпоследни на табелата и покрај добрите резултати (освоија седум бода во последните три кола). Манчестер има дадено само 13 гола сезонава, и кога победуваат, најчесто тоа го прават со минимален резултат. Јунајтед ги доби последните три меча против Евертон во сите натпреварувања.

Предлог тип: Х (3.50)

 

1709 Лион – Лил (20.45 часот)

Еден од најтрофејните француски клубови, Лион, во минатото коло ја извојува првата победа сезонава, но уште е последен на табелата со само 7 бода во 11 кола. Лил е четврти, може да остане таму и после овој меч, а од 26-ти септември наваму нема пораз. На последниот нивен меѓусебен дуел во март, имаше голеада од 3-3. Лион нема ниту една домашна победа сезонава, а Лил е тим кој има четири ремија по ред на гости, по двапати во домашната лига и во Конференциската лига.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.02)

 

3007 Јувентус – Интер (20.45 часот)

Ова е најголемото дерби во Италија, Јуве сака да ја продолжи долгата победничка серија и да избие на чело на табелата, а Интер го брани врвот, нив им одговара и нерешено за да останат први. Интер го има најефикасниот напад во Серија А (29 погодоци во 12 кола), а Јуве ја има најцврстата одбрана само седум примени голови. Старата дама дома не загубила од мај, а во мај беше и последниот гостински пораз на Интер. Традицијата вели дека нема да биде меч без голови.

Предлог тип: Х било кога (1.76)

- Оглас -

Најнови вести