Редно е Верона да победи ривал кој дома не го совладала 16 години

1801 Ајнтрахт – Арминија (20.30 часот)

Арминија Билефелд е тим со најмногу нерешени игри во Бундеслигата сезонава (9 ремија во 19 кола), и во претходните две кола играа нерешено со истиот резултат 2-2, па кај овој пар се наметнува потребата од додавање на икс како дополнителна сигурност. Ајнтрахт има седум нерешени игри. Арминија има проблем со ефикасноста, но четири кола по ред не знае за пораз. Последните три дуели на овие екипи во Франкфурт завршуваа со 0-2 гола.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.87)

 

3613 Верона – Болоња (20.45 часот)

Верона е петти најефикасен тим во Серија А, и тоа не е добра вест за Болоња која има четири порази во последните пет кола. Болоња има само три ремија сезонава на 21 меча, а нивен проблем е големиот број на отсустни играчи, некои се Ковид позитивни, други се на африканското првенство. Верона два месеци, поточно од 22 ноември, нема победа на свој терен, а ќе се борат и со лошата традиција. Болоња на гости на „Бентегоди“ не загубила 16 години.

Предлог тип: 1 (2.00)

 

1001 Вотфорд – Норвич (21.00 часот)

Ова е дуел на двата тима кои имаат најмногу порази во Премиерлигата сезонава. Вотфорд и Норвич се соседи на табелата, домашните имаат само еден бод повеќе, но и два меча помалку. Канаринците се во опасната зона, на 18-то место, а во минатото коло го победија Евертон и го напуштија последното место. Норвич е тим со најлоша гол-разлика во лигата, во 21 меч дадоа само 10 гола, а примија 45 гола. Вотфорд кој не победил од ноември, е некомплетен, има повредени и играчи кои се на Африканско првенство.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.11)

 

1704 Лион – Сент Етјен (21.00 часот)

Лион е јасен фаворит на оваа средба, најмногу поради фактот што Светците се во многу лоша форма и заковани на дното на табелата. Лион напради одредени промени во играчкиот кадар, а проблем за двата тима е што имаат по неколку играчи на африканското првенство. Лион има серија од пет меча во сите натпреварувања, со 0-2 гола, додека кај Сент Етјен во очи паѓа што уште од крајот на октомври немаат нерешен резултат.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.45)

 

1301 Еспањол – Бетис (21.00 часот)

Еспањол е незгоден домаќин, па на третопласираниот Бетис нема да му биде лесно. Ова се два многу непредвидливи тимови кои знаат да изненадат и пријатно и непријатно. Бетис го има вториот најефикасен тим во шпанската лига, а нема да смета на ветеранот Хоакин, и Бартра. Во последните три кола, двата тима имаа по една победа, пораз и реми, а и на последните три нивни дуели во Барселона, истотака по еднаш се радуваа двата тима и еднаш беше нерешено.

Предлог тип: 1+I & 2+ (1.53)

- Оглас -

Најнови вести