Редок феномен: Во Премиер лигата ова се случило само еднаш и тоа пред 22 години

Целосна доминација имаа домашните екипи во саботните мечеви одиграни во Премиер лигата. Вкупно беа одиграни седум натпревари и во сите седум, на крајот се радуваа домаќините.

Од сите средби, најнеизвесно беше на дуелот на кој се очекуваше најлесна победа на домаќинот. Арсенал губеше со 0:2 од Борнмут, а Топчиите на крајот се радуваа на триуумф од 3:2 и тоа со погодок во 98 минута.

Ваков перфектен биланс од седум победи во седум или повеќе средби на домашните екипи, во Премиер лигата досега се имаше случено само еднаш. На 28 октомври 2000 година, во еден ден се играа осум натпревари и на сите осум победија домаќините, а сега по пауза од 22 и пол години ова се повторува.

- Оглас -

Најнови вести