13.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Рефлексите го спасија Дончиќ од ептен бизарна повреда (Видео)

Ѕвездата на Далас маверикс, младиот Словенец Лука Дончиќ, имаше „блиска средба“ со една од камерите кои се движат по шини и ги снимаат мечевите од подготвителниот период во НБА-лигата. Малку фалеше Лука да се здобие со бизарна повреда.

Дончиќ се стрча кон аут-линијата за да ја фати топката која одеше во аут, а инерцијата го натера да се навали преку рекламите. Но, во тој момент кон него одеше камерата и таа не застана, туку продолжи да „вози“ кон Дончиќ. За среќа, тој ја виде и во последен момент со рефлексна реакција се помести наназад.

Никој не сака да прогнозира што ќе се случеше ако камерата во движење удреше во лицето на Лука.

 

https://twitter.com/i/status/1288298633004118016

- Оглас -

Најнови вести