Регилон веднаш го регулира престојот, само еден ден по одлуката на Конте дека е вишок во Тотенхем

Серхио Регилон веднаш најде замена за Тотенхем и речиси сигурно ќе се врати во Севилја, откако вчера Антонио Конте го прогласи за вишок и објави дека нема да смета на шпанскиот репрезентативец.

Регилон и уште тројца репрезентативци на различни земји добија одврзани раце од Конте и можат да си заминат, а левиот бек веднаш најде солуција.

На Севилја и треба лев бек, бидејќи Лудвиг Аугустинсон е на пат да се пресели во Астон Вила, па Регуилон речиси сигурно се враќа во тимот од Андалузија.

Шпанскиот репрезентативец со шест настапи за Црвената фурија играше за Севилја во сезоната 2019/20 како позајмен играч од Реал Мадрид и веднаш следната сезона замина во Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести