На иницијатива на ЕХФ, предводена од Предраг Бошковиќ, и со домаќинство на ХРС, во Загреб се одржа работен состанок посветен на унапредување на регионалната соработка и системите на натпреварување.
На состанокот на коj беше присутен и претседателот на Ракометната федерациja на Македониja, Aлександар Стефанов, беа разгледани повеќе важни теми:
– формирање регионални машки и женски лиги за клубови
– можност за старт на женска регионална лига од септември 2026
– машка регионална лига од следната година или обновување на СЕХА лигата
– предлог до ЕХФ за нов систем на натпреварување во Лигата на шампиони
– иницијатива првите две кола од ЕХФ Купот да бидат регионални
– формирање регионална кадетска лига за репрезентации
Овие иницијативи имаат за цел поголем развој, конкурентност и напредок на ракометот во регионот.

