Регионалното дерби го најавија со цртан филм – Кој ќе победи, Лолек и Болек или Пет и Мет? (Видео)

Регионалното дерби меѓу Раков Честохова и Славија Прага е најавено со интересна и позната содржина за деца, а искористен е цртаниот филм за Лолек и Болек како предигра за денешниот прв меч од плејоф фазата за настап во Конференциската лига.

Првиот меч ќе се игра во Полска од 18 часот на градскиот стадион во Честохова, а Чесите се фаворити и тие најавуваат победа со познатите Лолек и Болек, двајца полски јунаци од цртаните филмови.

https://twitter.com/slaviaofficial/status/1559924802424561667?s=20&t=cPSBZwMqX5wZEHMFK05BIA

Од Раков возвратија со анимираниот филм од чешка продукција со Пет и Мет, па ќе биде интересно покрај вакви оригинални идеи и најави да се види која екипа ќе биде поуспешна во двомечот што води во фаза по групи во Конференциската лига.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести