Реина по 17 години се враќа дома

Ветеранскиот голман Пепе Реина на 39 години е пред прагот на Вилјареал. Поранешниот шпански репрезентативец треба да потпише едногодишен договор со Жолтата подморница, известуваат шпанските медиуми.

По 17 години и авантури во четири од топ 5 лигите во Европа, Реина се враќа на добро познатото место каде што ја почна сениорската кариера. Иако е производ на школата на Барселона, токму во Вилјареал ја доби вистинската прилика да се покаже.

Низ кариерата Реина бранеше за Ливерпул цели осум години, а во два наврати му беше позајмен на Наполи. Ги чуваше головите уште на Баерн Минхен, Милан и Астон вила, додека минатата сезона беше член на Лаци,о со кого ја заврши соработката по истекувањето на договорот.

- Оглас -

Најнови вести