Поранешниот бразилски напаѓач Адријано, своевремено важеше за еден од најопасните голгетери во светот, меѓутоа кариерата му заврши предвреме по смртта на неговиот татко по што западна во тешки психички проблеми.
Без разлика што загуби многу, а воедно имаше уште многу да му даде на фудбалот, Адријано може да е горд што доби вистински наследник на терените.
Неговиот син, Aдријано Карваљо, на 15 години е плукната копија на популарниот Император. Игра за младинскиот тим на Серано, а во својот последен настап постигна феноменален гол кој потсети токму на некогашниот бомбардер на Интер.